Британскиот амбасадор на македонски го честиташе Денот на македонскиот јазик
Британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон го честиташе Денот на македонскиот јазик преку видео обраќање на македонски јазик.
-Веќе сум четврта година од мојот мандат како британски амбасадор и покрај дипломатските обврски што ги имам, секојдневно уживам користејќи го македонскиот јазик како алатка за комуникација со Владата, институциите, медиумите, невладиниот сектор и пријателите што ги стекнав во оваа прекрасна земја, рече амбасадорот во видео обраќањето на македонски јазик на официјалниот Фејсбук профил на Британската амбасада во Македонија.
Лосон наведува дека богатството од познавањето на македонскиот јазик ќе му остане засекогаш.
-Богатството од познавањето на македонскиот јазик ќе ми остане засекогаш – ќе го носам со себе, читајќи ги преводите на Вилијам Шекспир од Драги Михајловски, слушајќи македонски песни и користејќи го јазикот во секоја прилика. Честит Ден на македонскиот јазик, кажа британскиот амбасадор во обраќањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија и Франција клучни за европската одбрана,…
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…
Шест од десет Британци сакаат државата да…
Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…
Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…
Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…
Кралот Чарлс за нападот во воз кај…
Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…
Иронија: Британска министерка ограбена на состанок со…
На британската министерка за внатрешни работи Диана…