Левица: Дали кандидатка за член на ДКСК ги прикривала фирмите на Цвета Ристовска
На собраниска комисија беа интервјуирани кандидатите за членови на Антикорупциската комисија, откако Левица разобличи низа скандали кои резултираа со оставка на “славната антикорупционерка” – Цвета Ристовска, соопштија од опозициската партија Левица.
– Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, истакна сомнежи за работата на еден од пријавените кандидати за нов член на ДКСК. Имено, кандидатката КАТЕРИНА ЗАЈКОВСКА работи токму во Антикорупциска комисија во секторот за финансирање на политичките партии. Скандалозно е што токму во извештајот за претседателската кампања на ДПМНЕ ја нема страната во која е фирмата на синовите на Цвета Ристовска!
Токму страницата со фирмата “БУСТ ДООЕЛ” ФАЛИ во овој извештај, иако оваа фирма добила 2 милиони денари од ДПМНЕ и истата не беше пријавена во анкетниот лист на Цвета Ристовска.
Кандидатката Катерина Зајковска потврди дека оваа страница фали во извештајот, што за Левица укажува на уште една шема каде се штитела послушничката Цвета Ристовска, која ги спаси од одговорност и директорот на АНБ, Бојан ХРИСТОВСКИ и директорот на СОЗР, Ивица ТОМОВСКИ.
Тенденцијата е очигледна: пипците на омилената “антикорупционерка” на власта Цвета Ристовска повторно да ја ЗАРОБАТ и онака партизираната Антикорупциска комисија. Доколку кандидатката Катерина Зајковска биде избрана за нов член на Антикорупциска комисија, оваа институција ќе биде целосно заробена од режимот на власт – додека гледаме како две години комисијата е само браник на корупцијата на власта на Мицкоски. – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Обвинителството бара осуда, одбраната ослободителна пресуда за…
Обвинителството во завршните зборови за предметот во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…
Левица бараше една изборна единица и укинување…
Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…