Родителите од Кочани за условната казна за полицајците: Не прифаќаме ваква „правда“, очекуваме повисоките судови да ја преиспитаат пресудата

t

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ реагира на изречените условни казни за полицајците за злоупотреба на службена должност, посочувајќи дека ваквата судска пракса е во спротивност со законските одредби и тежината на последиците. Според нив, законската рамка предвидува казни затвор од шест месеци до десет години, во зависност од тежината на делото. Сепак, во конкретниот случај, и покрај утврдената вина, судот изрекол условна казна, без ефективно издржување затвор.

„Овој драстичен несразмер меѓу вина и последици не е случаен – тоа е минимизирање на одговорноста и јасен сигнал дека системот се штити сам себе, наместо да се соочи со сопствените пропусти. Ова не е правда. Ова е формалност“, велат родителите и семејствата на загинатите од Кочани и очекуваат повисоките судови да ја преиспитаат пресудата и да обезбедат одговорност што ќе биде во согласност со тежината на последиците.

Здружението порачува дека нема да молчи и дека нема да прифатат ваква „правда“.

„Бараме одговорност без компромис – за сите што со своето постапување или непостапување придонеле до вакви последици. Без тоа – правдата останува само збор“, стои во објавата.

Условни казни за тројцата полициски службеници, кои беа обвинети за злоупотреба на службената положба во случајот со кочански „Пулс“. Кире Богатинов и Горан Лазаров добија условни казни од по една година, а нивниот колега Александар Темелков од две.

Кривичниот суд во Скопје ги прогласи за виновни зашто не ја извршиле службената должност при вршење на контролите во пулс, не постапиле согласно пропишаните правила, а во записниците навеле неактивно правно и одговорно лице, односно казните ги пишувале на непостоечката фирма на газдата на „Пулс“. Ниту тие, ниту нивните бранители, не присуствуваа на изрекувањето на пресудата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…

Тело на младо лице било пронајдено во…

Седум бебиња родени за два дена во…

Кочани добива ретко убава и позитивна вест…

Фатен во Скопје дилерот кој ѝ избега…

Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров –…

„Зад секоја бројка стои нечие дете“ –…

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 –…