Божиновска: Ако е потребно повторно ќе се разговара со ОКТА за продолжување на попустот за горивата

t

Министерката за енергетика Сања Божиновска најавува дека ако е потребно повторно ќе се разговара со ОКТА за продолжување на попустот за дизел горивото од четири денари за литар и за бензините од два денари и по 18 мај кога истекува сегашниот договор. Тоа, како што вели, ќе зависи од случувањата со цените на нафтените деривати на берзите и од војната на Блискиот Исток.

-Следиме се што се случува. Нашите мерки моментално се до 18 мај, што значи дека следната недела ќе видиме што ќе се случува со цените на берзата и со војната. Неколку дена пред истекот на овој рок ќе видиме до каде сме со цените и ако е потребно повторно ќе преговараме со ОКТА за продолжување на попустот. Правиме се што е во интерес на нашите граѓани, рече Божиновска во одговор на прашање на денешната средба со новинарите во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Таа нагласи дека земјава е трета според мерките кои ги презема за цените на нафтените деривати и потенцира дека имаме најниски цени во регионот.

Како што посочи ниту една компанија која правела реекспорт на нафтени деривати од земјава се нема обратено во Министерството за енергетика.

-Државниот пазарен испекторат и Царинската управа веќе проверуваат дали е правен реекспорт на деривати, рече Божиновска.

Во одговор на прашање порача дека е за преоценување на тарифните блокови во смектите за потрошена електрична енергија на корисниците на регулираниот пазар доколку тоа е во интерес на граѓаните и значи намалување на крајната сметка што ја плаќаат.

-Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика вчера тоа го најави, а јас го поздравувам ако е за доброто на граѓаните и ако се намалат нивните сметки. Би сакале и ние да ги видиме пресметките, меѓутоа тоа е нивна дејност, а ние само би можеле да кажеме дека сме „за“ во случај крајната цел да е намалување на сметките на граѓаните, потенцира министерката Божиновска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седум бебиња родени за два дена во…

Кочани добива ретко убава и позитивна вест…

Ирански медиум тврди: Моџтаба Хамнеи може да…

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…

Се подобрува состојбата на пациентот кој со…

Тој во изјава за медиумите посочи дека…

Русија и Сирија постигнаа договор за руските…

Сирија и Русија постигнаа договор за иднината…

Над еден милион луѓе евакуирани во Кина…

Кинескиот источен брег во последните неколку дена…