СДСМ: Граѓаните чекаат одговор – Дали се испратени документите за екстрадиција на Груевски?
Соопштение за јавност
Знаеме дека ЗНАМ се распаѓа и дека Мицкоски планира да го смени министерот. Но, додека Филиков е на чело на Министерството за правда, тој мора да одговара пред граѓаните. Оваа нечиста работна задача на ВМРО-ОКГ, министерот Филиков мора да ја заврши за Мицкоски.
Поминат е цел еден месец откако новиот унгарски премиер Петер Маѓар јавно изјави дека Унгарија нема да биде сигурна куќа за криминалци и посебно го спомена Груевски.
Од тогаш – тишина од Министерството за правда.
Граѓаните бараат јасен и конкретен одговор:
Дали се испратени документите за екстрадиција на Никола Груевски?
Министерството вели „документите се комплетираат“. Месец дена документи „патуваат“, а сега се „комплетира документација“. Колку уште граѓаните треба да чекаат?
Мицкоски и неговата криминална организација продолжуваат со заштита на Груевски. Наместо да го вратат пред правдата, тие го штитат и му даваат можност за повторно бегство.
Граѓаните јасно гледаат: кога станува збор за нивните криминални соработници – нема „чувства“ само тишина и заштита.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…
Талогот на СДС повторно се појави. Овој…
СДСМ го прозва обвинителот за случајот Гостивар:…
Клековски конечно прозборе. Во водата во Гостивар…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС кога…
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати критики кон претседателот…
СДСМ: Отруена е цела Македонија, а никој…
„Поради тендер патриотите Христијан Мицкоски и Сашо…
Манасиевски: Талогот од СДС и предавникот Филипче…
Талогот од СДС и предавникот Филипче не…