Објавено на:

Објавено решението со кое градоначалникот на Карпош ги предава сите ингеренции на член на советот

t

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски го назначи советникот Неделчо Крстевски за свој заменик.

Според решението објавено во Службен весник на Општина Карпош, Крстевски ќе го заменува градоначалникот во периодите на негово отсуство, а воедно е назначен и за овластен потписник на сите сметки и финансиски документи на општината. Во документот се наведува дека тој ќе ги има истите права и обврски како и градоначалникот.

Во јавноста претходно се појавија информации дека Лукровски поднел оставка, но од Општина Карпош ги демантираа таквите наводи. Оттаму соопштија дека градоначалникот моментално користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини.

„Општина Карпош ги демантира информациите дека градоначалникот Сотир Лукровски поднел оставка. Тој во моментов е на боледување и привремено е отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање“, соопштија од општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канделабрата во паркот во Карпош ја откорнало…

Од МВР информираа дека е расчистен случајот…

Без струја делови од Карпош, Центар и…

Без електрична енергија денеска ќе останат делови…

Мајка нападнала дете во игротека во Карпош

На 17.05.2026 во 22:30 часот во СВР…

СДСМ бара вонредна седница на Советот на…

„После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно…

(Видео) Ако Лукровски не може, не знае…

Ако Стори Лукровски не може, не знае…