Објавено на:

Ердоган: ЕУ секогаш наоѓа причина да нè остави пред вратата

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати порака до Европската Унија да се воздржи од потези и реторика кои, според него, би можеле да го нарушат „конструктивниот став“ на Анкара кон Брисел.

Во обраќањето до нацијата по седницата на турската влада, Ердоган порача дека Турција денес има поинаква позиција и улога на меѓународната сцена.

„Да не се заборави дека Турција повеќе не е стара Турција, ниту пак светот е сè уште ограничен на сферата на влијание на западните земји“, рече Ердоган.

Тој оцени дека Европската Унија не може да има глобално влијание без Турција како полноправна членка, додавајќи дека во европските институции и понатаму постои, како што рече, „стратешка кратковидост“ кон Анкара.

„Прашањето не е каде стои Анкара, туку каде Брисел се гледа себеси во иднина“, вели Ердоган, додавајќи дека на Европа ѝ е потребна Турција повеќе отколку на Турција Европа.

„Утре, таа потреба ќе биде уште поголема“, додаде тој.

Осврнувајќи се на долгогодишниот процес на евроинтеграција, кој започнал уште во 1959 година, Ердоган ја обвини Европската Унија за пристрасен однос кон кандидатурата на Турција. Според него, односите меѓу Анкара и Брисел добиле нов импулс по 2015 година, делумно поради миграциската криза предизвикана од војната во Сирија.

Сепак, турскиот претседател смета дека Унијата не успеала да го одржи тој моментум, особено по обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, кога загинаа 253 лица.

Тој рече дека последователните средби и разговори не донеле резултати што би можеле да го надминат сегашниот застој во односите или да создадат нова динамика меѓу Турција и ЕУ.

И покрај тоа, како што нагласи, Анкара продолжува со напорите за полноправно членство, иако, според него, Турција постојано се соочува со двојни стандарди.

Ердоган оцени дека од првото аплицирање во 1959 година, одредени европски кругови никогаш не ги надминале предрасудите кон Турција.

„Понекогаш ја напаѓаа нашата демократија, понекогаш ја гледаа нашата економија како закана, понекогаш ширеа страв за нашето население, а понекогаш ја користеа нашата религија како изговор за исклучување. Но, секој пат наоѓаа причина да ја држат Турција настрана, го забавуваа нејзиниот пат кон членство и ја оставаа пред врата“, се пожали Ердоган.

Тој додаде дека Турција во меѓувреме значително се променила и ја зајакнала и економијата и демократијата, но дека пристапот на дел од европските политички кругови останал непроменет.

Повикувајќи се на изјава на поранешниот турски претседател Тургут Озал, Ердоган истакна дека патот на Турција кон Европската Унија отсекогаш бил исполнет со пречки.

„Ние не сме земја чие постоење се памети само кога е потребно, на чија врата се тропа само во вонредни ситуации, а во други времиња се турка настрана. Ние не сме и никогаш нема да бидеме таква земја“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: ЕУ секогаш наоѓа причина да нè…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати порака…

Кошта до македонските граѓани: Вашата земја е…

Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта…

Турција ја претстави својата прва интерконтинентална балистичка…

Турција претстави прототип на својата прва интерконтинентална…

Зеленски: Ја браниме Украина, ја браниме Европа!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за власт е спремен и…

СДС и Филипче продолжуваат со политики спротивни…