Израел изградил тајна база во ирачка пустина без да добие дозвола од Багдад
Израел изградил тајна воена база во западната пустина на Ирак пред почетокот на војната со Иран и ги нападна ирачките сили кои речиси ја открија базата, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на разузнавачки извори.
Според американскиот весник, тајната база е изградена непосредно пред почетокот на војната во Иран и со поддршка на Соединетите Американски Држави. Ја користеле израелските специјални сили и како база за спасувачки екипи во случај израелските авиони и пилоти да бидат соборени за време на операциите над Иран.
„Волстрит џурнал“ наведува дека базата била речиси откриена на почетокот на војната во март, кога локален овчар пријавил невообичаена активност на хеликоптери во областа. Ирачката армија ги испратила своите сили да ја испитаат пријавата.
Израел наводно ги нападнал Ирачаните од воздух за да ги спречи да стигнат до базата, се вели во текстот. Ирак го осуди нападот во кој еден војник беше убиен, а двајца други беа ранети.
„Волстрит џурнал“ наведува дека базата му помогнала на Израел да започне стотици воздушни напади против Иран, кои започна на 28 февруари со заеднички напади на САД и Израел врз Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел изградил тајна база во ирачка пустина…
Израел изградил тајна воена база во западната…
Нападнат кинески танкер во близина на Ормутскиот…
Танкер за нафта во кинеска сопственост е…
Сопругата на израелскиот министер му подари роденденска…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…
Израел одобри договор вреден повеќе милијарди долари…
Израел соопшти дека одобрил договор вреден повеќе…
Maкедонските кадети со злато на СП!
Машката кадетска репрезентација на Македонија се израдува…