Објавено на:

Уринирал врз службено возило, па му го скршил носот на комунален редар од Град Скопје

t

Комунален редар од Град Скопје завршил со скршеници на носот по сериозен инцидент што се случил во раните утрински часови вчера на булеварот „Илинден“ во Скопје.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, случајот бил пријавен во 00:10 часот во СВР Скопје.

Тројца комунални инспектори забележале тројца насилници, при што еден од нив уринирал врз службено возило, по што го напуштил местото. По кратка расправија со вработениот И.С. (51), ситуацијата ескалирала во физичка пресметка, при што двајцата завршиле со повреди.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изјави дека агресорите биле во алкохолизирана состојба и претходно уништувале јавен имот и уринирале врз возила на градски паркинг.

Според него, еден од нив подоцна се вратил пред објектот на Град Скопје, каде што продолжил со навреди и со агресивно однесување, по што го нападнал редарот.

Повредениот бил пренесен во болница каде му била укажана медицинска помош, а полицијата го документира случајот.

Од Министерство за внатрешни работи најавуваат дека по целосно расчистување на настанот ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…

Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…

„Од почетокот на март следната година, ќе…

Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…

По повод големиот јубилеј, 100 години од…

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…

Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…

(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…

На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…