Со автомобил удрил двајца пешаци во Скопје, жена тешко повредена
Две лица биле повредени во сообраќајна несреќа што вчера се случила во Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, вчера во 12:50 часот било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонско-косовска бригада“ и „Аугуст Цезарец“, патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од 51-годишниот Д.И. од Скопје, удрило во двајца пешаци.
Во несреќата тешки телесни повреди добила 57-годишната Ф. С. од Скопје, додека 27-годишниот А. Т. се здобил со телесни повреди.
Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со автомобил удрил двајца пешаци во Скопје,…
Две лица биле повредени во сообраќајна несреќа…
Уринирал врз службено возило, па му го…
Комунален редар од Град Скопје завршил со…
Пукање во Хрватска: Убил полициски началник, па…
Страшен инцидент ја потресе Хрватска откако во…
Тројца пензионери пукале во Делчево, полицијата им…
Тројца пензионери ќе заработат пријави откако биле…
Дал 50 илјади денари за уредување на…
Велешанец пријавил 31 годишен скопјанец дека откако…