Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, Иван Чулев

t

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, Иван Чулев.

Актуелниот градоначалник Митко Јанчев се прости од својот претходник на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Неговиот придонес за Кавадарци ќе остане трајно запаметен, а споменот за него ќе живее меѓу граѓаните и сите што имаа чест да го познаваат“, напиша Јанчев.

Иван Чулев е роден на 11 ноември 1934 година во Кавадарци.

Тој беше градоначалник на Кавадарци меѓу 1990 и 1996 година. Како прв човек на општината во време на транзиција, Чулев го водел градот при воведувањето на повеќепартискиот систем во независна Македонија.

Пред да застане на чело на општината, тој работел градежен инженер во ХЕЦ „Тиквеш“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, Иван Чулев

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, Иван Чулев.…

Пронајдена дрога, уапсено едно лице во Кавадарци

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишено од…

Заматена водата за пиење во Кавадарци и…

Заматена е водата за пиење во Кавадарци…

(Видео) Кавадарци испрати помош за Кичево –…

По насока на градоначалникот Митко Јанчев, Општина…

Пијана Хрватка го претепала сопругот во Кавадарци!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против…