Командант на ИДФ: На израелската армија итно ѝ се потребни повеќе војници
Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), Ејал Замир, изјави пред парламентот дека на армијата итно ѝ се потребни повеќе војници поради тековните борби на повеќе фронтови.
„Не сум вклучен во политички или законодавни процеси. Вклучен сум во борби на повеќе фронтови и нанесување порази на непријателот“, рече Замир откако зборуваше на затворена седница на Комитетот за надворешни работи и одбрана на Кнесетот, објави „Тајмс оф Израел“.
Замир ги повика пратениците да ги подобрат прописите за да овозможат регрутирање на помлади мажи, да ја продолжат задолжителната воена служба од 30 на 36 месеци и да го зголемат буџетот за одбрана. Контроверзниот закон, предложен од претседателот на Комитетот за надворешни работи и одбрана на Кнесетот, Боаз Бизмут, ја задржува високата старосна граница за трајно ослободување од воена служба за ултраортодоксни Евреи – 26 години, што им овозможува да избегнат регрутација дотогаш со посетување религиозни училишта, јешиви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…
Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…
Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…