Девет пријави за семејно насилство: Седум лица лишени од слобода
На 09.05.2026 во 22:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.С.(49) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата мајка.
На 09.05.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(34) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата сопруга.
На 09.05.2026 во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Б.(40), постапувајќи по претходна пријава дека околу 10:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош упатувал закани кон неговата 68-годишна мајка и покрај Решението од Основен граѓански суд Скопје за отстранување од домот и забрана за приближување.
На 10.05.2026 во 05:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.А.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 09.05.2026 околу 22:00 часот во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје физички ја нападнал неговата 33-годишна партнерка од Скопје и ѝ упатувал закани со огнено оружје. Според пријавеното, тој и во изминатиот период бил насилен кон неа, но досега не го пријавувала.
На 09.05.2026 во 13:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Џ.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во 07:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга. Според пријавеното, тој и во изминатиот период физички и психички ја малтретирал.
На 10.05.2026 во 03:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 16-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 01:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар физички го нападнал неговиот 50-годишен татко.
На 09.05.2026 во 13:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со С.Д.(33) од скопско село, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.05.2026 околу 18:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ упатувал закани со остар предмет. Според пријавеното, таа во изминатите пет години била психички и физички малтретирана од нејзиниот сопруг, но досега не пријавувала.
На 10.05.2026 во 03:00 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријави дека на 09.05.2026 околу 01:00 часот во сместувачки објект на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот партнер Г.К. од Турција.
На 10.05.2026 во 00:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.В.(44) со престој во Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 41-годишна сопруга дека на 09.05.2026 во семејниот дом, по претходна расправија помеѓу нив, пријавениот го турнал нивниот малолетен син.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За 8 март дури осум пријави за…
На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…
Лишен од слобода насилник кој ја нападнал…
Лишен од слобода насилник од охридско, во…
Судска постапка за пет деца за ужасното…
Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за…
Го натепале затоа што им рекол дека…
МВР го потврди настанот со претепаното лице…
Агресивен зет со тврд и остар предмет…
Синоќа во Штип, полициски службеници го привеле…