Нетанјаху објави крај на годишната воена помош од САД од 3,8 милијарди долари
Израел сака да ја намали воената помош од САД и планира веднаш да го започне процесот и да го заврши во следните 10 години, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Во интервју за Си-Би-Ес, на прашањето дали размислува за намалување на американската помош, израелскиот премиер одговори потврдно.
„Апсолутно. И тоа му го кажав на американскиот претседател Доналд Трамп“, рече Нетанјаху. Тој прецизираше дека неговата влада сака да ја намали американската помош, финансиската компонента на воената соработка на двете земји, на нула.
„Добиваме 3,8 милијарди долари годишно. И мислам дека е време да се откажеме од преостанатата воена поддршка“, рече израелскиот премиер, истакнувајќи дека би сакал овој процес да започне веднаш и да биде завршен во рок од десет години. Сегашниот договор, кој истекува во 2028 година, предвидува годишно доделување на 3,8 милијарди долари на Израел од страна на Соединетите Американски Држави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
33% – Поддршката за Трамп падна на…
Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп падна…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот…
Си Џинпинг пристигнува во САД на 23…
Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе отпатува во…
Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…
Трамп му се закани на Оман: „Ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани…