Крмов: Да видиме дали СДСМ ќе ги блокира препораките од ОБСЕ/ОДИХР и една изборна единица
Пратеникот од Левица, Борислав Крмов со критики кон СДСМ поради нивното отсуство од работната група за измени на Изборниот законик, оценувајќи дека партијата го блокира процесот на изборни реформи, се вели во соопштението од Левица, што МИА го пренесува интегрално.
Крмов посочи дека работната група продолжила со работа и без присуството на СДСМ, а во фокусот ги стави и предлозите за една изборна единица и препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
„Ајде баш да видиме дали СДСМ ќе ги блокира предлозите од ОБСЕ/ОДИХР и една изборна единица. Дали целосно ќе се разоткријат како најобични опортунисти и политички позери без став“, напиша Крмов.
Тој оцени дека работната група продолжила „најконструктивно“ и без учество на претставниците на СДСМ кои поради незадоволство од укинувањето на Пржинската влада, го бојкотираат процесот.
„СДСМ, многу ‘увредени’ од укинувањето на Пржинската влада, со нивното отсуство го блокираат процесот“, наведе пратеникот од Левица.
Крмов во објавата упати и иронична забелешка кон функционерите на СДСМ, Оливер Спасовски и Јован Митрески, поради нивно патување во Швајцарија.
„Тоа не го спречи двоецот Спасовски и Митрески да се прошетаат до Швајцарија каде ќе разгледуваат тешки ‘етички’ проблеми и дилеми. Може и тука требаше некое бесплатно патување да им понудиме, па можеби и ќе останеа“, им порача Крмов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за…
Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои…
Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за…
Суштината на движењето што го започнаа студентите…
Рама повторно повика на дијалог
Премиерот Еди Рама, уште еднаш го повтори…
Дневниот весник на РТВ Војводина започна со…
Дневните вести на Радиотелевизија Војводина во 17…
Британскиот министер за одбрана: Имаме 1.000 дена…
Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, предупреди…