Левица: Скандалозен избор на Зајковска во ДКСК

t

Вчерашната одлука на собраниската комисија со која КАТЕРИНА ЗАЈКОВСКА е предложена за нов член на Антикорупциска комисија претставува скандалозен обид за континуитет на истите структури кои ја компромитираа Антикорупциската комисија, велат од Левица.

– Левица претходно јавно објави сериозни сомнежи дека токму Катерина Зајковска, како вработена во секторот за финансирање на политички партии во ДКСК, била дел од ПРИКРИВАЊЕТО на спорните податоци поврзани со фирмата „Буст ДООЕЛ“ – фирма на синовите на Цвета Ристовска.

Скандалот е уште поголем ако се знае дека токму страницата со „Буст ДООЕЛ“ недостасувала во извештајот за претседателската кампања на ДПМНЕ, иако фирмата инкасирала околу 2 милиони денари од изборната кампања. Додека ЦВЕТА РИСТОВСКА ја сокри оваа фирма од нејзиниот анкетен лист, Катерина Зајковска била член на институцијата која треба да врши контрола на изборното финансирање на партиите.

Особено загрижува што Катерина Зајковска и самата потврди дека страницата со „Буст ДООЕЛ“ недостасува во извештајот, но НАМЕСТО ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА, пратениците од власта ја наградија со кандидатура за член на ДКСК. Со вакви кадровски решенија, Антикорупциската комисија се претвора во заштитен штит на политичко-бизнис мрежи блиски до власта.

Наместо Антикорупциска комисија со интегритет, режимот на власт врши ротација на партиски ПОСЛУШНИЦИ поврзани со скандали, прикривање фирми и сомнежи за политичка заштита на корупцијата, велат од опозициската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Скандалозен избор на Зајковска во ДКСК

Вчерашната одлука на собраниската комисија со која…

„Левица“: Ни ребаланс не го спасува Буџетот

Фактот што за само четири месеци се…

Што мислат сите партии? Избори – ДА…

Избори ќе има или нема, засега не…

Апасиев поднесува кривична пријава против членови на…

Пратеникот Димитар Апасиев денес објави дека поднесува…

Левица: Дали кандидатка за член на ДКСК…

На собраниска комисија беа интервјуирани кандидатите за…