Полицајците ќе можат да ги откупат становите во кои живеат под закуп – Предлог законски измени
На предлог на неколку пратеници, ќе се носи нов Закон за продажба на станови во државна сопственост доделени на користење на вработени во Министерството за внатрешни работи.
Со новиот предлог-закон се отвора можност вработените во Министерството за внатрешни работи, но и пензионираните припадници на институцијата, или членови од семејството на починат поранешен вработени во МВР да ги откупат становите во државна сопственост што со години ги користат.
– Со Закон за продажба на станови во државна сопственост за вработените во Министерството за внатрешни работи, ќе им се овозможи на корисниците на предметните станови, да ги откупат предметните станови и со тоа трајно да го решат своето станбено прашање. Со Предлогот на законот исто така се овозможува и право на откуп на оваа категорија станови на лицата кои се стекнале со право на пензија во Министерството за внатрешни работи, како и лицата од потесното семејство на корисникот на станот кој починал, доколку живееле во станот и ги исполнуваат условите предвидени со предложениот закон – се посочува во законското решение доставено во Собранието.
Станува збор за станови кои досега биле доделувани на користење без право на откуп, врз основа на договори за закуп, што значеше дека корисниците не можеле трајно да го решат своето станбено прашање. Со новото законско решение, оваа пракса се менува, а право на откуп ќе имаат и членовите на потесното семејство на корисникот доколку тој починал, под услов да живееле во станот и да ги исполнуваат законските критериуми.
Цената на становите ќе се утврдува врз основа на повеќе параметри, меѓу кои градежната вредност, локацијата, трошоците за уредување на земјиштето и амортизацијата, а постапката ќе се води според правилата што важат за продажба на станови во општествена сопственост.
– Продажната цена на станот ќе се утврдува врз основа на градежната вредност, трошоците за уредување на градежното земјиште, местоположбата и амортизацијата на станот, од страна на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката. За утврдување на продажната цена на станот, за начинот на плаќањето на цената на станот, за уплатата на средствата за плаќање на станот и за заверувањето на договорот за продажба на станот, соодветно ќе се применуваат одредбите од Законот за продажба на становите во општествена сопственост – се истакнува во предлог законот доставен до пратениците.
Измените ги предлагаат група пратеници од редовите на владејачката партија, или поточно станува збор за предлог на Антонијо Милошоски, Бојан Стојаноски, Драган Ковачки, Никола Мицевски и Павле Арсоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голема акција на полицијата: Одземени пушки, пиштоли…
Полицијата во Бјело Поље спровела акција што…
Ја удрил со тротинет и избегал: Жената…
Вчера во 14:45 часот во СВР Скопје…
При претрес на затвореник во Идризово најдена…
Полицијата добила пријава од затворот Идризово дека…
Велешанец излегол на викенд од затвор, полицијата…
Велешката полиција привела затвореник, кај кого нашла…
Со автомобил удрил двајца пешаци во Скопје,…
Две лица биле повредени во сообраќајна несреќа…