Хорор приказна од македонското здравство: Чекавме три часа со пациент во критична состојба, на крај сами го носевме по темница низ клиника!
Објава на граѓанин на Фејсбук за состојбата во македонското здравство.
– Не знам од каде да почнам да пишувам… Една и единствена објава. Се уште ми е во неверување што ни се случи… Ќе пробам во колку што е можно најкратко да Ви раскажам.
Во 9 часот наутро добиваме повик дека наш близок не е добар и е во коматозна состојба. После неколку обиди, доаѓа брза помош и го носи во 8ми септември. Со резултати од претходни крвни слики, во 8ми септември увидуваат дека има пневмонија и од претходна урино култура, бактерија (Pseudomonas aeruginosa).
Без да му биде направена снимка/компјутерска томографија на глава поради состојбата, добиваме упат за на инфективна клиника. Повикуваат возило за да може да се направи транспорт. Возилото го нема. 1 час… 2 часа… 3 часа. Ќе дојде, ќе биде, почекајте..
Возилото пристигнува и го примаат во амбуланта на инфективна. Првиот разговор: “Зошто е тука? Зошто не е направена снимка? Кој го препратил? Како можеле да не му направат компјутерска томографија?” – Грешки и препукување меѓусебно. Дно дна.
“Многу е лоша ситуацијата, под хитно да се направат снимки во ургентен центар”. Добиваме пак упат за во ургентно, за да се направи компјутерска томографија на глава и на гради. Растојаниете меѓу двете клиники – 600 метри.
Се јавуваат за да повикаат интерклиничко комбе за транспорт на пациенти. Повратен одговор: “Зафатен е возачот, не може моментално”.
Молам? Зафатен е возачот? Како тоа еднина? По што следи “Само едно комбе имаме, и тоа до вчера не работеше. Еден возач е на смена”.
1 возач на смена? За 30+ клиники во склоп на целата болница? “Момче, што да правиме, и нас ни е тешко, нема кој да не слушне”.
Целосно занемев. Почнав да се расправам – Вие ако не се кренете, кој ќе се крене за Вас? Кој ќе го каже вашиот глас? Но си реков, залудно…
Поминаа повеќе од 7 часа, никој не дојде… 7 часа… Лежеше беспомошно само со мали движења на очите и тажен поглед… поглед на кој јас не можам да му помогнам… Јас, маж од 30 години, да плачам… да плачам од незнаење што да направам во оваа проклетија…
(сите тие часови додека лежеше таму, никој не ни му даде инфузија, за да не дехидрира… устата му беше сува и распукана).
Некаде околу 9 и пол – 10 часот одлучуваме да го однесеме самите, затоа што друго решение немаше… Со тешки маки успеавме да го преместиме од импровизираниот кревет што го имаат таму, на креветот со тркалца. Ние тројца и со мала помош од еден од болничарите (голема благодарност). Морав да ја оставам личната карта (за што не ни добив никаков документ) за да бидат сигурни дека нема да ја оставиле количката таму… Срамота…
После тоа самите ние, на дожд, по дупки каде што цела носилка се тресе, неасфалтирано од кога е формирана клиниката, по тие темни улици што никогаш не виделе светло, на сред улица, морав со блиц да светам за колите да не видат… не можам да ја опишам сликата… хорор не би бил правиот збор.
Да те гледа твој близок, беспомошно со крајни сили, само тоа и можеше да го прави… секое достоинство исчезна низ неговите очи, низ неговиот поглед кој кажуваше се без да има можност да збори… за да го добие тоа најмалку што го заслужува.
Овие две кратки видеа нека стојат тука, за секој еден од Вас да види (не дај Боже) што го очекува. За што со години и години “се бориме”, плаќаме. Зборот мизерија е сувишен… Универзитетска клиника – најпроклетото место, дел од целиот распаднат систем.
Денес сме ние, утре ќе биде друг.
Толку од мене, една и последна објава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 10 години се ажурира листата на…
Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека…
Христовски: Ќе се прави студија како работат…
Во план е студија околу тоа како…
Владата планира да набави 100 амбулантни возила…
Директорот на Службата за општи и заеднички…
„Мој термин“ не работи – директорката вели…
Системот за закажување прегледи „Мој термин“ денеска…
ХОРОР во пералницата во Клиничкиот центар „Мајка…
Хоророт што со години го живеат вработените…