Паѓа продажбата на станови – цените остануваат високи
Најскапиот метар квадратен во првиот квартал од оваа година е продаден за 2888 евра. Се работи за стан од 45 метри квадратни во скопската општина Кисела Вода за кој биле платени 130.000 евра, стои во кварталниот извештај на Агенцијата за катастар.
Извештајот нотира дека бројот на реализирани трансакции на пазарот на недвижности е значително намален. Во споредба со последното тримесечје од минатата година, бројот на продадени станови во периодот од јануари до март 2026 година е намален за 27 проценти, а нивната вкупна финансиска вредност е намалена за 23 проценти.
За 23 проценти е намален и бројот на продадени куќи, a пад на квартално ниво има и кај продажбата на земјоделско земјиште и шуми за 8 проценти, како и кај продадените деловни простори за 11 отсто.
Вкупно, на пазарот на недвижности во првиот квартал се свртени 276,3 милиони евра, или 12,4 проценти помалку на квартално ниво
Најголем број продадени станови евидентирани во регистарот на цени и закупнини има во Општина Аеродром (193 стана), а најмногу куќи, 54, се продадени во Битола.
Во регистарот на цени и закупнини во првите три месеци од годинава регистрирани се 712 новоизградени стана, односно станови од инвеститор, што е за 292 стана или 29 проценти помалку во споредба со четвртиот квартал од минатата година.
Во Агенцијата за катастар на недвижностите досега се запишани 28.013 листа за предбележување градба, што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и набргу ќе се најдат на пазарот на недвижности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Паѓа продажбата на станови – цените остануваат…
Најскапиот метар квадратен во првиот квартал од…
Франција: Не е познато дали хантавирусот мутирал,…
Во Франција засега не е утврдено дали…
Обвинителката Коларевиќ откако ја запре истрагата против…
,,Државата немала никаква штета од набавките на…
ПРОБОДЕНОТО ДЕТЕ ИМА ОШТЕТУВАЊА НА ЦРНИОТ ДРОБ…
Стабилна, но опасна по живот е состојбата…
Абази ги демантира обвинувањата за влијание врз…
Шефот на Основното јавно обвинителство за гонење…