МОН: Законски измени со кои ќе се казнува родителот на дете со насилно однесување
Министерката за образование и наука најавува законски измени со кои ќе се предвиди казна за родителите чии деца покажуваат насилно однесување во училиште. Вели дека се разговара со пратениците околу овие измени.
– Во моментот разговараме со пратениците да се формулира таа измена во законот, изјави денеска Јаневска на прес-конференција.
По последниот случај во кој е повреден 15-годишен ученик со ладно оружје во основно училиште во Чаир, министерката со апел до родителите да посветат внимание на децата.
– Ладното оружје децата не го наоѓаат во училиште, го наоѓаат надвор. Оттука, неопходна е соработка со сите сектори кои се засегнати, но ги повикувам и молам родителите да посветат внимание на своите деца. Целата држава што и да направи, ако не се вклучат родителите, не може да постигнеме успех, порачува Јаневска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Форумот за образовни промени поднесе тужба против…
Форумот за образовни промени (ФОП) денеска поднесе…
Општина Центар два месеца не издала одобрение…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
МОН го повлекува предметот Сексуално образование од…
Изборен предмет Сеопфатно сексуално образование во средно…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…
Јаневска: Проверките на МОН покажаа различни недостатоци…
Институт за бизнис економија во Скопје, Институт…