Трипуновски до Николовски: Потребно е целосно расветлување на случајот со распределбата на финансиски средства, станува збор за над 800.000 евра

t

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при своето гостување во емисија на Алфа телевизија изјави дека постојат сериозни индиции и докази за злоупотреби во доделувањето на грантови, при што бил заобиколен системот на Платежната агенција.

Тој нагласи дека како функционер по промената на власта има обврска да постапи по доставените информации од свиркачи и да иницира проверка на сите сомнителни случаи. Воедно, посочи дека неколкупати ја информирал јавноста и го повикал Јавното обвинителство да покрене постапки за наводните злоупотреби.

„Ова не е реваншизам, туку потреба да се утврди одговорност таму каде што има прекршување на законите“, истакна Трипуновски.

„Случајот се однесува на заобиколување на законскиот систем за доделување грантови, при што тогашниот министер, Љупчо Николовски формирал сопствена комисија и делел средства без соодветна контрола и следливост. Во Комисијата бил еден поранешен нивен близок сопартиец, член на една политичка комисија“, појасни министерот Трипуновски.

Тој потенцираше дека со ваквиот пристап граѓаните биле доведени во заблуда, а одлуките биле носени со висок степен на субјективност. Станува збор за распределба на над 800.000 евра, за која постои сомнеж дека е извршена спротивно на законските процедури.

Трипуновски додаде дека актуелното раководство не ги укинало програмите, туку ги вратило во законски рамки односно преку Платежната агенција, со јасни правила и контрола.

Тој посочи дека очекува институциите да постапат и да се расчисти случајот до крај

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возачи го тужат Mercedes: Вжештеното AMG лого…

Неколку сопственици на Mercedes-AMG тврдат дека металното…

По пожарот во Волково, жителите бараат закон:…

Големиот пожар што денеска избувна во Волково…

Пресушија бунари во источна Хрватска, натоварени бродови…

Поради екстремната суша во источна Хрватска, бунарите…

Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си,…

Четириесет и шестгодишен охриѓанец, кој издржувал затворска…

20-годишен припадник на албанската армија убиен во…

Дваесетгодишен припадник на албанските вооружени сили е…