Драма на бродот „Амбишн“: Десетици патници заболени, еден британски турист почина
Крузер со околу 1.700 патници и членови на екипажот е закотвен во францускиот град Bordeaux, откако на бродот бил регистриран бран на гастроинтестинални заболувања. Француските здравствени власти и локалната префектура донеле одлука со која на сите лица на крузерот им се забранува симнување на копно додека траат проверките.
Според информациите од капетанот на бродот „Амбишн“, околу 50 патници пријавиле симптоми на болеста, по што веднаш бил активиран здравствениот протокол. Локалните медиуми, меѓу кои и францускиот весник „Sud Ouest“, објавија дека на бродот починал британски патник постар од 90 години.
На крузерот се качила специјална екипа лекари која треба да ја процени состојбата на патниците и екипажот, како и да земе примероци за лабораториски анализи. Француските власти соопштија дека се чекаат првичните резултати од тестирањата, по што ќе биде донесена одлука дали бродот ќе може да го продолжи патувањето.
Властите потенцираа дека засега нема никаква поврзаност меѓу овој случај и претходниот инцидент на крузерот „Хондиус“, каде што беше регистрирана епидемија на хантавирус.
За потсетување, бродот „Хондиус“, кој испловил од Аргентина на почетокот на април, беше евакуиран во пристаништето Тенерифе, каде беа потврдени 11 случаи на инфекција со типот „андес“ на хантавирус, меѓу кои и тројца починати патници.
Крузерот „Амбишн“ пристигнал во Бордо од Балфаст и Ливерпул, а според првичниот план требало да го продолжи патувањето кон Шпанија. Сепак, неговата маршрута засега останува неизвесна додека траат здравствените контроли и истрагата за причината за заболувањата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНОЗИНСКИОТ СОПСТВЕНИК ВО „ИЛОВИЦА“ ИНВЕСТИРА НАД МИЛИЈАРДА…
Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата…
ЕУ ПОВИКА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ УСОГЛАСИ СО…
Официјален Брисел очекува Македонија да се приклучи…
Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…