Стојаноска: До кога Ислам Абази ќе биде џелатот на правдата, по насока на Ахмети, Филипче и Заев?

t

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, денеска на прес-конференција остро го обвини шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, за, како што рече, политичко влијание и затворање на предметот „Мазут“, вреден 167 милиони евра.

Според Стојаноска, одлуката за запирање на постапката е „доказ за големото влијание“ што, според неа, го имаат Али Ахмети, Венко Филипче и Зоран Заев врз обвинителството и судството.

„Пред само една година, обвинителството кое го води Ислам Абази побара притвор за четири лица осомничени во овој случај, затоа што сметаше дека осомничените може да се дадат во бегство или да влијаат врз сведоци во постапката, за денес – година дена подоцна, истите овие обвинители да одлучат дека нема основ да се продолжи овој случај“, рече Стојаноска.

Таа оцени дека станува збор за „контрадикторност“ која, според неа, е резултат на „лукративно политички основи, а не на правни или обвинителски аргументи“.

Стојаноска обвини дека во случајот јавноста видела „перење пари, криминал и труење на животната средина“, додавајќи дека „само Ислам Абази не видел ништо“.

На прес-конференцијата таа постави три прашања до надлежните институции и обвинители.

„Го повикуваме Башким Бесими од Советот на јавни обвинители да каже зошто Советот треба да седи на страна, кога е евидентно дека имало влијание од страна на Ислам Абази во случајот ‘Мазут’“, изјави Стојаноска.

Таа ја повика и обвинителката Катерина Коларевиќ да објасни „како утврдила дека нема никаква штета во случајот вреден 167 милиони евра“, посочувајќи дека, според неа, постоеле финансиски и еколошки последици.

Воедно, Стојаноска упати и директни критики кон Абази.

„До кога Ислам Абази, кадарот на Ахмети, Филипче и Заев, планира да биде џелатот на правдата и да испорачува за ова криминално трио?“, праша таа.

Стојаноска оцени дека „сѐ додека правосудството во Македонија е предводено од ликови како Ислам Абази, вакви контроверзни одлуки во полза на СДС и ДУИ ќе доминираат“, додавајќи дека Абази „треба да си поднесе оставка и веднаш да го остави обвинителството во рацете на професионалците“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стојаноска: До кога Ислам Абази ќе биде…

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, денеска на…

Манасиевски: Филипче призна дека имаат исти позиции…

Пиунот на Радев, Венко Филипче призна дека…

Милошоски: Ислам Абази го затвори предметот за…

Прес-конференција на Антонијо Милошоски Дозволете денес уште…

Мицкоски за изјавите на Филипче: ВМРО-ДПМНЕ е…

Не знам што да кажам, утре ќе…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е слуга на Заев, а…

СДС и Венко Филипче во едни соопштенија со…