Објавено на:

Иран дозволи премин на кинески бродови низ Ормутска Теснина

t

Иран им дозволи на одредени кинески бродови премин преку Ормутска Теснина откако со Кина беше постигнат договор за иранските правила за управување со мореуз, јави иранската новинска агенција Фарс.

Неименуван извор за Фарс изјави дека одлуката е донесена на барањето на шефот на кинеската дипломатија и кинескиот амбасадор во Техеран да се олесни преминот на кинеските бродови низ Ормутска Теснина во согласност со стратешкото партнерство помеѓу Иран и Кина.

Иран значително го ограничи сообраќајот низ Ормутскиот теснец откако почнаа нападите на САД и Израел на 28 февруари. Блокадата на иранските пристаништа од страна на САД, воведена неколку дена по договорениот прекин на огнот на почетокот на април, ја продолжи кризата со енергенсите.

Податоците за следење на бродовите покажаа дека кинески супертанкер што превезувал два милиони барели ирачка сурова нафта, вчера поминал низ Ормутска Теснина, откако беше блокиран во Персиски Залив повеќе од два месеци поради војната меѓу САД и Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран дозволи премин на кинески бродови низ…

Иран им дозволи на одредени кинески бродови…

Заловениот волк ќе биде 30 дена во…

Постојано се следи здравствената состојба на волкот…

Миро Кацаров нов директор на Универзална сала

Телевизискиот водител Миро Кацаров е поставен за…

Граѓански организации алармираат за зголемувањето на фемицидите!…

Граѓанските организации во Македонија остро реагираа по…

Британскиот министер за здравство поднесе оставка

Британскиот министер за здравство Вес Стритинг денеска…