Франција спрема маски за три месеци – Сите контакти на заразените со хантавирус се негативни
Француското Министерство за здравство соопшти дека сите лица кои биле во контакт со заразените од хантавирус во земјата се тестирани и нивните резултати засега се негативни.
И покрај негативните тестови, вкупно 26 лица се ставени во строга болничка изолација како мерка на претпазливост.
Одлуката за карантин е донесена поради исклучителната сериозност на овој вирус, чија стапка на смртност се движи помеѓу 30 и 40 проценти, но и поради долгиот период на инкубација кој трае до 42 дена.
„Преносот на други лица засега може да се исклучи. Изолираните лица ќе бидат под постојан медицински надзор и ќе се тестираат трипати неделно“, изјави министерката за здравство, Стефани Рист.
Меѓу хоспитализираните лица кои биле во контакт со почината холандска државјанка, има и четири деца на училишна возраст.
Додека трае медицинскиот надзор, една француска државјанка се наоѓа во критична состојба на интензивна нега и е приклучена на апарати за вештачки бели дробови поради тешки срцеви и белодробни компликации.
Земјата веќе ги подготвува стратешките резерви во случај на евентуална епидемија.
Од кабинетот на францускиот премиер уверуваат дека залихите на заштитни маски се доволни за покривање на потребите на целата нација во период од најмалку три месеци
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција спрема маски за три месеци –…
Француското Министерство за здравство соопшти дека сите…
Во Белград уапсен возач осомничен за обид…
– Белградската полиција приведе возач осомничен за…
Македонци обвинети во САД за измама со…
Американските федерални власти покренаа обвиненија против двајца…
(Видео) Сообраќајка во Драчево: Неофицијално прегазен малолетник
Граѓани испратија видео до редакцијата на Инфомакс…
Папата: Настаните во Украина, Газа, Либан и…
апата Лав XIV објави порака на X…