Македонци обвинети во САД за измама со „Трамп бакс“ – Украле 100-тици илјади долари

t

Американските федерални власти покренаа обвиненија против двајца македонски државјани, Горан Спиридонов и Кристина Јанева, кои се товарат за организирање на масовна измама со лажни парични инструменти брендирани како „Трамп бакс“ (Trump Bucks). Според соопштението на Обвинителството за Јужниот округ на Њујорк и Федералното истражно биро (ФБИ), двајцата обвинети во моментов се наоѓаат во бегство во Македонија.

Истрагата открива дека Спиридонов (25) и Јанева (39), заедно со други соучесници, од 2023 година па сè досега мамеле граѓани низ САД, продавајќи им безвредни предмети под лажно тврдење дека се работи за легални и вредни парични средства одобрени од поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата организација. Преку интернет-пазари и шифрирани апликации, како Телеграм, тие продавале лажни „златни чекови“, „членски книшки“, „златни значки“ и „рубин сертификати“.

Обвинетиот испраќал и електронски пораки во кои гарантирал дека секој купен предмет од линијата „патриотски орел“ ќе може да се замени за 10.000 долари. (Фото: Американско Министерство за правда)

Обвинетите ги уверувале купувачите, од кои поголемиот дел биле повозрасни лица и поддржувачи на Трамп, дека со купувањето директно ја помагаат претседателската кампања. Дополнително, тие лажно тврделе дека овие продукти се однапред финансиски обезбедени со десетици или стотици илјадници долари во кеш, кои граѓаните ќе можат да ги подигнат во банките по реизборот на Трамп. Спиридонов испраќал и електронски пораки во кои гарантирал дека секој купен предмет од линијата „патриотски орел“ ќе може да се замени за 10.000 долари.

Американскиот обвинител Џеј Клејтон изјави дека овие измислени финансиски инструменти немаат никаква поврзаност со претседателот, неговата кампања или неговата бизнис-организација, посочувајќи дека измамата директно ги таргетирала постарите граѓани со цел да се искористи нивната политичка поддршка. Тој апелираше до американската јавност да не споделува лични и финансиски податоци со лица поврзани со оваа шема, која сè уште може да биде активна. Помошникот директор на ФБИ во Њујорк, Џејмс Барнакл, додаде дека странски државјани го искористиле името на американската администрација за да украдат стотици илјадници долари од американските граѓани.

Спиридонов и Јанева се соочуваат со обвиненија за заговор за измама и за измама преку електронски средства, кривични дела кои предвидуваат максимална затворска казна до 20 години. Покрај тоа, тие се товарат и за тешка кражба на идентитет, што носи задолжителна дополнителна казна од уште две години затвор. Случајот го води Секторот за комплексни измами и сајбер-криминал во Њујорк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонци обвинети во САД за измама со…

Американските федерални власти покренаа обвиненија против двајца…

(Видео) Сообраќајка во Драчево: Неофицијално прегазен малолетник

Граѓани испратија видео до редакцијата на Инфомакс…

Папата: Настаните во Украина, Газа, Либан и…

апата Лав XIV објави порака на X…

Муцунски ја поканил Петрова Чамова на средба

Македонската влада иницирала средба со новата влада…

За првпат и Виница ќе маршира за…

За првпат оваа сабота и Виница ќе…