Лишен од слобода возачот кој вчера во Скопје со возило „сеат“ удри во 13-годишен велосипедист
Полицијата го уапсила 20 годишникот кој вчера удри 13 годишен велосипедист во Скопје.
„На 14.05.2026 во 16:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Коце Металец“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник од Скопје. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а возачот А.П. е лишен од слобода по член 300 од Кривичниот законик“, велат од МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР и ЈО наскоро ќе излезат со…
Министерството за внатрешни работи постапува во насока…
Тешка сообраќајна несреќа во БиХ: Се судриле…
Едно лице загинало во тешка сообраќајна несреќа…
Прострелна рана во ногата имал скопјанецот кој…
Прострелна повреда во пределот на ногата била…
МВР со важен апел до родителите: Препознајте…
Министерството за внатрешни работи упатува апел до…
Голема акција на МВР во Макстил!
Екипи на МВР по наредба за Основното…