Коцкарскиот сектор не ја прифаќа одредбата да се лоцирани на 500 метри од училиштата – тврдат биле дискриминирани

t

Дискриминација и противуставно е казината и обложувалниците да се оддалечат на 500 метри од училиштата. Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа АПИС денеска со жестока реакција на законот, кој пред два дена го најави премиерот Христијан Мицкоски.

Од АПИС велат дека предложената дистанца нема да ја заштити младината, туку ќе доведе до затворање на легалните објекти, губење на илјадници работни места и отворање простор за нелегално коцкање. Истовремено, посочуваат дека за нив се прифатливи ограничувањата за рекламирање и забраната за светлечки реклами, бидејќи, како што наведуваат, заштитата на младите од зависност е нивен врвен приоритет. Но, предупредуваат дека дистанцирањето на објектите ќе има сериозни економски и социјални последици.

„Дистанцата не само што не е решение туку ќе создаде хаос во општеството. Затворањето на легалните објекти за игри на среќа ќе предизвика отворање на објекти на црно по подруми каде младината ќе биде лесна цел. Државата ќе изгуби најмалку 350 милиони евра годишен прилив во Централниот Буџет, што во моментов е најмалку 6 проценти од проектираните приходи. Конечно, со ваков пристап државата од 10 илјади вработени ќе направи 10 илјади невработени, кои со своите семејства ќе станат најмалку 35 илјади нови кандидати за иселеници во западните земји. Да не зборуваме што штета ќе имаат и 54 до 100 илјади други работни места кои индиректно значително ползуваат од овој економски сектор.“

Со слична реакција претходните денови излегоа и обложувалниците и вработените од оваа дејност. И нивните здруженија побараа итно стопирање на законот за игри на среќа. Предупредија дека со новите правила, повеќе од 10 илјади луѓе би можеле да останат без работа, а секторот да биде оттурнат кон сивата економија, создавајќи простор за нелегално работење и диви играчници надвор од државна контрола. Завчера премиерот Христијан Мицкоски најави построги правила за рекламирањето на игрите на среќа и забрана казината да се наоѓаат на помалку од 500 метри од училиштата. Покрај мерките за коцкањето, Владата најави и ограничувања за брзите кредити, оценувајќи дека задолжувањето и зависностите се меѓу причините поради кои младите ја напуштаат државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар во Кисела Вода, маж пренесен во…

Синоќа во полицијата било пријавено дека на…

Изгаснат пожарот во Сопиште, гори во Аеродром…

На ден 08.08.2026 година, до 18:00 часот,…

Гостиварчани 4-та недела без питка вода –…

Квалитетот на водата во Гостивар се подобрува,…

Над двесте луѓе евакуирани поради голем шумски…

Повеќе од 200 луѓе се евакуирани поради…