Министерот Дурмиши тврди дека нема основ за мерки за храната, дел од цените се намалиле

t

Прво се чекаше податокот за инфлацијата, сега новата анализа на пазарна, за да се види дали и со какви мерки може да се интервенира кај цените. Статистика последно измери 5, 7 отсто инфлација во април во однос на април лани и поскапување на храната за една година од 8 отсто. Сепак, министерот Думриши вели дека до него стигнале податоци дека има поевтинување кај некои производи. За неколку дена ќе завршела новата анализа на пазарните инспектори.

Преку државен пазарен инспекторат сакам да потенцирам дека до 20 мај е дадено наредба да вршат контроли на сите ланци маркети од она неофицијално што е добиено сум информиран е дека има одредено намалување кај цените на овошјето и зеленчукот. Овие денови што се прават контроли 30 тимови се на терен на крај на 20 на овој месец, ќе заврши контролата и таа информација ќе ја достават до Влада и до министерство за економија, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши

Дурмиши тврди и дека барем до сега не е забележано дека трговците ги зголемиле маржите. Пратеникот од СДСМ и поранешен вицепремиер Битиќи во вчерашната ВИН ВИН пак кажа дека инфлаторниот шок во земјава допрва ќе се почувствува.

Во месец март, на почетокот на кризата јас кажав дека нашиот инфлаторен удар нема да биде во март, тој ќе се почувствува во април, мај и понатамум изјави во ВИН ВИН, пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи

Од последниот извештај на статистика може да се види дека за една година најголем скок на цената има кај месото, потоа млекото, јајцата маслото и овошјето. Податоците пак од ССМ покажаа дека во април во однос на март минималните трошоци на едно четиричлено семејство се зголемиле за речиси 1.000 денари. И од НБРМ и од Владата излегоа со полоши прогнози за домашната економија. Годинава очекуваат помал раст и повисока инфлација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гостиварчани 4-та недела без питка вода –…

Квалитетот на водата во Гостивар се подобрува,…

Над двесте луѓе евакуирани поради голем шумски…

Повеќе од 200 луѓе се евакуирани поради…

Подгответе се – Доаѓа многу топло време…

Времето утре сончево и многу топло со…

Дали би се пријавиле: Италија бара доброволци…

За многумина, престојот во италијанските Алпи е…

Француската амбасада во Конго во центар на…

Видео од француската амбасада во Конго, кое…