Азески: Злобници има насекаде, треба да се стави забрана на „лупетање“

t

Бранко Азески повика на поголема одговорност во јавните настапи поврзани со економијата и инфлацијата, оценувајќи дека неодмерените изјави можат да создадат дополнителна нестабилност.

Во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, Азески рече дека во јавноста се пласираат обвинувања оти бизнис-заедницата има интерес од повисока инфлација заради зголемување на извозот, што според него е штетно и опасно.

„Злобници има насекаде. Се создава перцепција дека бизнисот сака повисока инфлација за да го зголеми извозот. Треба да се стави крај на тоа секој да изнесува што сака, бидејќи ова прашање може да има сериозни последици“, изјави Азески.

Тој нагласи дека инфлацијата е составен дел од пазарната економија, но воедно и еден од најголемите непријатели на бизнисот.

„Тука има и психолошки моменти, затоа треба повеќе одговорност и ограничување на секојдневните шпекулации и изјави“, додаде Азески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гостиварчани 4-та недела без питка вода –…

Квалитетот на водата во Гостивар се подобрува,…

Над двесте луѓе евакуирани поради голем шумски…

Повеќе од 200 луѓе се евакуирани поради…

Подгответе се – Доаѓа многу топло време…

Времето утре сончево и многу топло со…

Дали би се пријавиле: Италија бара доброволци…

За многумина, престојот во италијанските Алпи е…

Француската амбасада во Конго во центар на…

Видео од француската амбасада во Конго, кое…