Филипче: Мицкоски нема ниту капацитет, ниту познавање, ниту желба да ја води државата, состојбата со буџетот е загрижувачка
Загрижувачка е состојбата со буџетот и финасиите, нема економски раст и зголемување на стандардот, вели лидерот на СДСМ Венко Филипче.
„Лошото менаџирање на власта предводена од Христијан Мицкоски кој нема капацитет ни познавање да ја води државата, а нема ни желба. Сето тоа се манифестира со тоа што нема раст ниту на минималната, ниту на просечната плата, нема ништо значајно што граѓаните ќе го почувствуваат“, вели Филипче.
Според него, има огромна буџетска дупка која ќе се пополнува со ново задолжување.
„Има пад на странските инвестиции, значаен, што исто така е лош параметар. Последниот знак е новото задолжување на владата. Побараа 300 милиони евра зошто треба да ја пополнат огромната дупка во буџетот. Дефицитот расте, инфлацијата расте, огромна е разликата на приходната и расходната страна“, рече Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…
Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…
Савески да постапи по кривичните пријави од…
Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…
СДСМ побара анализи за водата во Гостивар,…
Откако СДСМ побара да се објават анализите…
Компаниите од DAX индексот објавија рекордна добивка,…
Четириесет од германските компании кои го сочинуваат…
ЕУ од суфицит премина во дефицит, трговскиот…
Европската унија го заврши првото полугодие од…