Дури 67 отсто од Германците очекуваат канцеларот Мерц да поднесе оставка
Расположението на граѓаните во Германија е на рекордно ниско ниво, покажува најновата анкета. Дури 84 проценти од испитаниците се многу загрижени за состојбата во земјата, а 64 проценти сметаат дека ниту една влада не може да ги реши актуелните проблеми.
Истражувањето покажува и дека 67 проценти од граѓаните очекуваат канцеларот Фридрих Мерц да поднесе оставка доколку пропаднат реформите што ги спроведува неговата влада.
Сомнежи за успехот на реформите изразуваат и водечките германски економисти, кои предупредуваат дека внатрешните блокади во коалицијата го кочат процесот. Особено критики има за реформите во пензискиот систем и законот за греење.
Дополнително, Бундесратот ја блокираше и мерката за помош од 1.000 евра за вработените, оценувајќи дека таа би го оптоварила веќе ослабеното германско стопанство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мртво бебе оставено во торба на улица…
Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…
BMW инвестира 2 милијарди евра во Германија,…
Акциите на германскиот автомобилски гигант BMW во…
Секој четврти вработен во Германија има имигрантско…
Германската економија во голем број сектори има…
Воен авион се урна во американска воздушна…
Воен авион се урна во американска воздушна…
Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…
Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…