Вреди за утрешните протести: Децата на функционерите на ДУИ ќе протестираат против своите родители

t

Вреди обвини дел од студентите Албанци кои за утре закажаа протест дека се манипулирани од ДУИ. За утре е закажан вториот протест на студенти Албанци кои бараат правосудниот испит да го полагаат на албански јазик.

-Цела јавност веќе сфати дека некои „студенти” влегоа во валканата игра на ДУИ. Тие не ги претставуваат студентите, туку агендата на ДУИ. Ги користат како алатка за да ги вратат во живот Бујар Османи, Блерим Беџети, Талат Џафери и другите фотељаши од ДУИ, кои народот ги избрка на избори – велат од Вреди.

Според владејачката партија, тие не се гласот на студентите туку на ДУИ, дека се политички инструмент на партија што 20 години терала луксуз, функции, тендери и агалук, а сега се крие зад младите за преку мала врата да се врати на власт.

-20 години ДУИ имаше министри, пратеници, претседател на Собрание, технички премиер, директори и апсолутна власт. А правосудниот испит на албански јазик не го средија никогаш, туку само оставаа пречки и кочници. Истите тие што молчеа сите овие години, сега ги пуштаат децата на своите функционери по протести. Прашањето е едноставно. Против кого протестираат? Против сопствените родители – прашува Вреди.

Од Вреди порачуваат дека тој филм нема да им помине и нема да дозволат младите да се користат за политички агенди на ДУИ.

-Правосудниот испит на албански јазик, како и сите прашања што овие фотељаши ги оставија недовршени, Вредиќе ги реши одговорно. Времето на политичкиот агалук заврши. Студентите не се ничија сопственост, ниту спасувачки појас за очајните функционери на една распадната партија – порачаа од Вреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Криза со горивото на Крим: Бензин се…

Поради недоволните залихи на гориво, продажбата на…

Германската крајна десница АфД убедливо победи во…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) освои убедлива…

Кими Антонели победник на ГН на Италија:…

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели е сензационалниот…

Инфантино ќе се кандидира за уште еден…

Џани Инфантино ќе се кандидира за уште…

(Видео) Два „ер трактори“ упатени кон Милетино,…

Два „ер трактори“ се упатени кон Милетино…