Социјалдемократите формираа Фронт за вистина и правда

t

Лидерот на СДСМ Филипче го промовираше Фронтот за вистина и правда. Иако не откри имиња, рече дека обединува опозициски партии, граѓански организации и поединци. Тој најави оти борбата против корупцијата ќе ја водат во соработка со Европското јавно обвинителство…

Социјалдемократите формираа Фронт за вистина и правда кој ќе ги обедини опозициските партии, невладините организација, активисти, млади и интелектуалци, а целта е европска Македонија. Заедничката програма има четири столба: борба против корупцијата, иднина за младите, достоинствен живот и силно село и земјоделци. Лидерот на СДСМ Филипче вели клучен е Законот за нулта толеранција на корупцијата кој ќе го потпишел откако ќе станел премиер.

„Овој столб опфаќа полна имплементација и проширување на соработката со Европското јавно обвинителство. Ние веќе имаме потпишано работен договор со оваа институција со Европското обвинителство во 2022 година. И тој договор ќе го активираме на највисоко ниво. Ќе имаме директна размена на информации, заеднички истражни тимови и техничка поддршка од Европа. Ова значи дека високата корупција, министри, пратеници, големи тендери со огромни суми на народни пари, ќе можат да ги истражуваат и европските обвинители“, изјави Венко Филипче.

СДСМ најавува формирање на Независна национална антикорупциска дирекција по моделот на романското ДНА, со финансиска и кадровска независност и надлежност за сите функционери. Дополнително се планира целосна дигитализација на јавните набавки, тендерите и услугите според естонскиот модел, преку единствена онлајн платформа без физички контакт со службениците. Социјалдемократите најавуваат и воведување на задолжителна електронска декларација на имот за сите функционери, со автоматска проверка преку вештачка интелигенција. Кој сè ќе учествува во фронтот, засега Филипче не открива, вели ќе објавува постепено за да се заштителе учесниците од црна кампања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Социјалдемократите формираа Фронт за вистина и правда

Лидерот на СДСМ Филипче го промовираше Фронтот…

Вреди за утрешните протести: Децата на функционерите…

Вреди обвини дел од студентите Албанци кои…

Тројца државјани на Бангладеш се оддалечиле од…

Тројца државјани на Бангладеш, кои работеле во…

Тетовци ја поздравуваат одлуката за отстранување на…

Граѓаните на Тетово ја поздравуваат одлуката на…

(Видео) Евакуиран Ист Гејт Мол

Посетителите на скопскиот трговски центар „East Gate…