Бебе Реџа повика на масовност на утрешниот протест на студентите Албанци во Македонија
Познатата пејачка Бебе Реџа со етничко албанско потекло од Македонија,реагираше на протестот што го најавија албанските студенти во земјава кои бараат правосудниот испит да се одржува на албански јазик. Во објава на Инстаграм, таа го истакна значењето на албанскиот јазик за националниот идентитет, потсетувајќи на напорите на генерациите за негово зачувување.
Таа подвлече дека Македонија е мултиетничка држава, изградена врз коегзистенција и еднакви права за сите заедници, каде што албанскиот јазик е признаен како коофицијален јазик.
„Нашиот албански јазик е длабоко вкоренет во нашиот идентитет. Со генерации се боревме да го зачуваме и да го одржиме во живот. Северна Македонија е мултиетничка држава изградена врз коегзистенција и еднакви права за сите нејзини заедници, каде што албанскиот јазик е признаен како коофицијален јазик“, напиша таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бебе Реџа повика на масовност на утрешниот…
Познатата пејачка Бебе Реџа со етничко албанско…
Лазаров: Успеавме да создадеме производ кој ќе…
Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци и…
Нвидиа вреди повеќе од целата германска економија:…
Американската технолошка компанија „Нвидиа“ достигна пазарна капитализација…
Владата го продолжи рокот за поевтини горива,…
Владата ги продолжи мерките за поевтини горива…
Мицкоски очекува раст на БДП над 3,5…
Во периодот што следи треба да се…