Левица поднесува предлог-закон за речиси целосна забрана на коцкањето

t

Пратениците од Левица поднесуваат предлог-закон за речиси целосна забрана на коцкањето и ограничување на рекламирањето на игрите на среќа!

– Со предложените измени на Левица се воведуваат суштински ограничувања на дејноста за коцкање и приредување на игри на среќа, односно казината и автомат клубовите ќе можат да работат само во ГРАНИЧЕН ПОЈАС до пет километри од границата или во категоризирани ХОТЕЛИ со пет ѕвезди.

,,Институциите мора да покажат дека човечкото достоинство, семејната стабилност и иднината на младите се поважни од секој вид на приватен ПРОФИТ. Денес дојде ден да се зборува за коцкањето во Република Македонија, затоа што предолго се случува како еден феномен кој има дегенеративна основа, а во Собранието веќе долго време не се зборува затоа што политичарите и властите тоа одбиваат да го направат.

Прашањето е дали ќе дозволиме цели населби да бидат преплавени со индустрија која заработува од надежта, СТРАВОТ и економската несигурност на граѓаните во време кога опаѓаат условите на живот.” – објавија од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…

Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…

Левица: Ако за нешто треба да се…

Не се точни изјавите на Мицкоски дека…

Левица бараше една изборна единица и укинување…

Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…