Дали Венко Филипче ќе оди на концертот на Дејвид Гета по повод Денот на независноста?
Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, нема ниту волја ниту желба да присуствува на концертот на Дејвид Гета на 8 септември, настан кој е организиран од Владата по повод 35-годишнината од прогласувањето на независноста, бидејќи, како што вели, оваа влада нема ниту чесна ниту добра намера.
Филипче вели оти тој не сака да биде дел од настани кои се организираат од Владата бидејќи, како што вели, секојдневно се гледа како тие ја водат државата.
„Како да присуствуваме на настани на коишто седат луѓе коишто не мислат добро, коишто ја водат државата со црна кампања, коишто ги лажат граѓаните, коишто не ги прават потребните чекори?“, рече тој.
На новинарска забелешка оти Денот на независноста е ден кога треба да се покаже базична солидарност и однос кон нешто заедничко, Филипче вели оти не го дели ова мислење бидејќи според него солидарноста и односот кон државата се градат секојдневно и оти формата не покажува ништо доколку суштината е погрешна, како во овој случај.
„Оваа влада не ја води државата како што треба и тоа го прави свесно. Ова што се прави… ова блокирање на државата и оваа кражба е со умисла“, изјави Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку четворица загинати и 20 повредени во…
Израелската армија ја нападна и уништи болницата…
Алармантни бројки: Осум случаи на семејно насилство…
Осум одделни случаи со елементи на семејно…
Есенско заладување доаѓа во Македонија и на…
Полека но сигурно на летото и на…
Дрска измама: Лажел дека му требаат пари…
На 05.09.2026 во 18:00 часот во СВР…
(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во…
Товарен авион „боинг 767“ излета од пистата…