Демократски сојуз: ДУИ сака да ја дестабилизира Македонија со протестите за правосудниот испит
Демократскиот сојуз на Павле Трајанов ја обвини ДУИ дека сака дестабилизација на Македонија со протестите на студенти правосудниот испит да се полага на албански јазик.
Според ДС, зад овие активности стоела политичката агенда на ДУИ, „која се обидува преку националистичка реторика, етнички тензии и вештачки кризи да предизвика дестабилизација на државата и да обезбеди политички поени“.
За партијата на Трајанов загрижувачки било што на протестите имало и граѓани од Косово и Албанија, што „претставува недозволив обид за надворешно влијание врз внатрешните политички и институционални прашања на Македонија“.
Демократски сојуз ја повикува Владата да „не подлегнува на притисоци, уцени и радикални барања, туку преку дијалог и стручна дебата да изнајде европско и одржливо решение кое ќе обезбеди целосно почитување на јазичните права на сите заедници; задолжително познавање на македонскиот јазик за носителите на правосудни функции и зачувување на единствениот правосуден систем и унитарниот карактер на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демократски сојуз: ДУИ сака да ја дестабилизира…
Демократскиот сојуз на Павле Трајанов ја обвини…
ВМРО-ДПМНЕ: Коларевиќ е еден од „семејните кадри“…
Катерина Коларевиќ, обвинителката која ја стопираше истрагата…
Вреди: ДУИ ги злоупотребува студентите за да…
Вреди обвини дека дел од студентските протести…
Ахмети: ДУИ е подготвена, доаѓаат нови победи
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али…
ДУИ: ВЛЕН избра двајца кормилари на бродот…
Вчерашниот чин, каде што неколку политички субјекти…