Вучиќ: Не се знае кој ќе биде претседател на Србија во октомври
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша кој ќе биде претседател на Србија во октомври. За време на своето обраќање пред новинарите во Баку, Вучиќ најави, како што рече, голема посета на претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, во октомври.
Сепак, тој кажа интересна работа, бидејќи ќе се види кој ќе биде претседател тогаш.
„Подготвуваме посета кај него. Ако не се лажам, тој ќе дојде во Белград во октомври оваа година. Тоа ќе биде голема посета. Сега, ќе видиме кој ќе биде претседател во тој момент“, рече Вучиќ, како што објави Данас.
Со оглед на тоа што со месеци се шпекулираше за тоа кога ќе се одржат парламентарните и претседателските избори, а и бидејќи самиот Вучиќ најави можност за скратување на мандатот, за да може на крајот од оваа година истовремено да се гласа за новиот состав на Собранието и новиот претседател, оваа негова изјава може да биде значајна при разгледувањето на неговите понатамошни одлуки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…