Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди Турција
Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на потресот бил на длабочина од 10 километри, на околу 21 километар од градот Малатија во источниот дел на земјата.
Според првичните информации, засега нема извештаи за повредени лица или за поголема материјална штета.
Очевидци на страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар навеле дека потресот бил силен и дека се нишале лустери и мебел во домовите.
Земјотресот бил почувствуван и во соседна Сирија, како и на Кипар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција предлага формирање полициска агенција Туркпол со…
Турскиот министер за внатрешни работи, Мустафа Чифтчи,…
Девојка од 22 години стана прв тренер…
Поранешниот турски второлигаш Тургутлуспор го привлече вниманието…
(Видео) Анталија е во пламен — почина…
Доброволен пожарникар утрово почина во Турција откако…
Ердоган: Членството на Турција во ШОС не…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави…
Турција заработи над една милијарда долари од…
Владини и филмски претставници синоќа во Истанбул…