ЕСМ поднесе приговор до ОЈО ГОКК за затворената истрага за набавката на мазут
ЕСМ поднесе приговор за затворената истрага за набавката на мазут, пренесе ТВ24. Од компанијата велат дека приговорот е да се укаже дека имало одредени неправилности во водењето на постапката и да се побара дополнително разгледување и контрола.
„Денеска е доставен приговорот од АД ЕСМ до ОЈО ГОКК и Вишото јавно обвинителство. Исто така, како што најавивме, поднесено е барање за контрола и до Јавното обвинителство. Барањето е со цел да се утврдат недоследностите за водење на постапката“, велат од ЕСМ за ТВ24.
По затворањето на истрагата која во ОЈО ГОКК траеше една година против Исмаил Јахоски, Ратко Капушевски и Васко Ковачевски Кој е бегалец, од ЕСМ веќе еднаш порачаа дека според нив обвинителката Катерина Коларевиќ паушално го спровела вештачењето и погрешно ги интерпретирала изјавите на инженерите кои биле повикани исклучиво да ги објаснат техничките аспекти на набавката и производството, а не да оценуваат дали има финансиска штета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Јавното обвинителство ја следи ситуацијата со Алта…
Дали Обвинителството нешто истражува и дали ќе…
Студентската листа во Србија бара оставки во…
Претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“ во…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…