СДСМ најави кривична и интерпелација за Гаши поради кршење на Деловникот

t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конферција, најави дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието, Африм Гаши. Кривинчната пријава и интерпелацијата, како што кажа Филипче е поради континуираното кршење на Деловникот и злоупотребата на функцијата од страна на Гаши.

Филипче посочи дека станува збор за уште еден скандалозен пример на непочитување на процедурите во Собранието и нагласи дека претседателот на Собранието веќе подолг период постапува спротивно на Деловникот.

„Ова е скандал кој не е нов и кој претседателот на Собранието веќе континуирано го спроведува, а тоа е дека, кршејќи го Деловникот, закажува состанок на Комисијата за финансирање и буџет, комисија што ја води нашата пратеничка Сања Лукаревска, и покрај тоа што таа е тука и не е отсутна, а Деловникот тоа не го дозволува. Кога пратеникот е тука, тој задолжува друг пратеник да ја води оваа комисија“, рече Филипче.

Тој нагласи дека ваквото однесување станува пракса и претставува директно прекршување на собраниските процедури и правила.

„Имајќи предвид дека ова е веќе пракса на претседателот на Собранието, Африм Гаши, и со тоа го крши Деловникот, најавуваме дека ќе поднесеме кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието“, изјави Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…