На Русија ѝ се случува она од што најмногу се плашеше
Вкупниот годишен капацитет на рафинериите кои целосно или делумно го запреа производството надминува 83 милиони тони, односно околу 238.000 toни дневно. Според податоците и изјавите на анонимни извори, тоа чини приближно една четвртина од вкупните руски рафинериски капаценти.
Заедно, овие рафинерии сочинуваат повеќе од 30 отсто од руското производство на бензин и околу 25 отсто од производството на дизел. Руското Министерство за енергетика не одговори на барањето за коментар.
Украина од почетокот на годината го удвои бројот на напади врз руските рафинерии, што произлегува од објавите на руските funkционери на социјалните мрежи. Нападите, кои ги погодија и нафтоводите и складиштата, го намалија производството на нафта во Русија – третиот најголем светски производител по САД и Саудиска Арабија.
Ова создаде дополнителен притисок врз федералниот буџет, во кој даноците за нафта и гас сочинуваат приближно една четвртина од приходите.
Меѓу погодените рафинерии се „Кириши“ на западот на Русија, московската рафинерија, како и погоните во Нижни Новгород на реката Волга, во Рјазањ и во Јарослављ. Една од најголемите руски рафинерии, „Кириши“, со капацитет од 20 милиони метрички тони годишно, според тврдењата на изворите е целосно затворена од 5 мај.
Друга голема рафинерија, „НОРСИ“ во Нижни Новгород, со годишен капацитет од 17 милиони тони, беше нападната вчера, 20 мај. Сè уште не е јасно дали „НОРСИ“ успеала да одржи делумна работа на погонот.
Перм, град сместен на повеќе од 1.500 километри од украинската граница, во последно време забележа повеќе напади врз својата енергетска инфраструктура. На 29 април беше погодена производствено-диспечерска станица поврзана со системот „Транснефт“, што предизвика голем пожар. Веќе следниот ден беше нападната и рафинеријата „Перм“ во сопственост на „Лукоил“.
Овие удари, според извештаите, ја нарушија работата на погоните, а некои производствени единици се исклучени.
Според агенцијата Ројтерс, клучните единици за примарна преработка се оштетени или запрени, а поправките би можеле да потраат со недели.
Украинската служба за безбедност (СБУ) подоцна ја потврди својата вмешаност во нападите врз нафтената инфраструктура во Пермската област. Од СБУ порачаа дека таквите напади ги намалуваат залихите на гориво за руската војска и ја принудуваат Москва да ги пренасочува ресурсите за поправки наместо за воени операции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Русија и Украина се заинтересирани за…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…
Русија нападна десет украински региони за една…
Во изминатите 24 часа руските сили нападнаа…
ОН: Речиси 900 силувања од руските војници…
Руските трупи извршиле речиси 900 ужасни чинови…
РУСКИ ДРОН УБИ СВЕШТЕНИК ВО УКРАИНСКИ МАНАСТИР…
Руски FPV-дрон удрил во манастир во селото…