Клековски: Само работодавачот Лукровски може да го провери боледувањето на градоначалникот Лукровски
„Само работодавачот може да го провери боледувањето на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски“. Ова денес го изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски кој рече дека информации за процедурата за тоа како е издадено боледувањето, може да побара од ФЗОМ и да добие само работодавачот.
-Информации за боледување може да побара работодавачот и само работодавачот може да добие за процедурата на боледувањето, а во ниеден случај за дијагнозата. Ако ве интересира овие информации, може да ги дадам само на работодавачот на негово барање, изјави Клековски денеска пред медиумите.
Градоначалникот Лукровски речиси дваесетина дена не е на работа во Општина Карпош. Тој последен пат беше виден во јавноста на одбележувањето 123-годишнината од смртта на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…
Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…
Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…
Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…
Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…
Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…
Жена доживеала ужас: Била нападната и малтретирана…
На 04.09.2026 во 19:45 часот во ПС…
Скопјанка пријавила дека сопругот ја нападнал, но…
На 04.09.2026 во 12:36 часот во СВР…