Петровска: Како ќе ги зацврстиме своите државни позиции, кога во Влада седат луѓе со бугарско државјанство?
„Како ќе ги зацврстиме своите државни позиции, кога во Влада седат луѓе со бугарско државјанство? Ние велиме за да нема шпекулации, ајде да го носеме законот. Не го поддржаа законот (против двојно државјанство на функционерите). Тоа ги кажува двојните аршини на ВМРО-ДПМНЕ. Така држава не се води и така нема исчекор напред“, порача пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска откако владејачкото мнозинство не ја поддржа потребата од измени на Законот за влада – министрите да имаат само македонско државјанство.
Петровска смета дека „од власта можат да продолжуваат да зборуваат од сабајле дека СДСМ се предавници, а после два часа да се сликаат со придобивките и од Преспанскиот договор и од пристапувањето во НАТО, а да заборават дека до 2024 велеа „Дајте ни силно мнозинство, ние ќе го поништиме Преспанскиот договор“ и „Никогаш Северна само Македонија“.
Пратеничката во дебатна емисија додаде дека за прашањето со Бугарија, од позиција на пратеник во опозиција, не сака да даде ветување, затоа што, како што вели, за неколку години не сака да биде како што е ВМРО-ДПМНЕ сега.
-Репреговарање и репозиционирање е сериозна одлука која може да ја донесе само Владата. Неблагодарно е јас да шпекулирам за да добијам нечии симпатии. Лично сакам да бидам одговорна, кажа Петровска во емисијата „Само интервју“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петровска: Како ќе ги зацврстиме своите државни…
„Како ќе ги зацврстиме своите државни позиции,…
Филипче пак го повика Мицкоски да се…
Лидерот на СДСМ Венко Филипче, денеска упати…
Стојаноски: СДСМ избега од дебата за заемот,…
Пратеникот од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан…
СДСМ најави кривична и интерпелација за Гаши…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната…
СДСМ: Муцунски се фали со пари кои…
Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони…