Филипче: Мицкоски и Стоилковиќ прават митинзи за Вучиќ, јас ќе кажам само едно, студентите победуваат
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче повторно се огласи преку социјалната мрежа Х, но овој пат за студентите во Србија.
„Додека криминална група ВМРО ја поддржува својата сестринска партија СНС и својот „брат“ автократ Вучиќ, додека Мицкоски и Стоилковиќ организираат митинзи за него во Куманово. Јас како професор и како човек ќе кажам само едно: Секогаш ја поддржувам младоста и иднината. Студентите победуваат“, напиша Филипче.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ пак, вчера негираше дека е организатор на собирот во Куманово.
„Влажните соништа на СДС не престануваат. ВМРО-ДПМНЕ не е организатор на никаков народен собир во Куманово. Ако биде организатор ВМРО-ДПМНЕ, јавноста сигурно ќе знае“, рекоа од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…