Поништена е јавната набавка за електрични автобуси од Унгарија

t

Министерство за транспорт информира дека Државна комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донела решение за поништување на јавната набавка за електрични автобуси и електрични полначи.

Од Министерството посочуваат дека согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе биде објавена согласно законските прописи и во најбрз можен рок.

Во февруари Министерствто за транспорт објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полначи. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините.

Согласно критериумите во Јавниот повик, најповолниот понудувач има обврска да произведе и да ги испорача автобусите во следните рокови:
30 автобуси во рок од 6 месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци и 60 автобуси во рок од 18 месеци.

Понудата на унгарската компанија „Електробус- Икарус” и на австриската „ЕВН“ беше избрана за најповолен понудувач на јавниот повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 станици за полнење на електричните автобуси.

Тие понудиле најниска цена од 19.350.000 денари или околу 314 илјади евра по автобус што е конкурентна цена на пазарот на електрични автобуси.

Согласно Одлуката, компанијата „Икарус” треба да ги достави електричните автобуси, а компанија „ЕВН” станиците за полнење, наведоа од Министерството за транспорт.

Електричните автобуси треба да бидат со најмалку максимална моќност од 300 kW, со капацитет од најмалку 66 патници, автоматски регулиран клима уред за ладење/греење.

Економскиот оператор кој ќе биде пак избран ќе има обврска да врши тековно одржување и поправка на сите настанати технички неисправности и да обезбеди резервни делови во следните 10 години од денот на стапување на возилата во употреба.

Првите 30 автобуси и 15 електрични станици, по склучувањето на договорот треба да се достават во рок не подолг од шест месеци од денот на склучување на договорот, 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од дванаесет месеци од денот на склучување на договорот и 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од осумнаесет месеци од денот на склучување на договорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерство за транспорт го распиша тендерот за…

Министерствoто за транспорт информира дека објавило Јавен…

Ѓорѓиевски: 100 нови градски автобуси за Скопје…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на…

Левица: Скопјани ќе немаат нови автобуси ниту…

Градската организација на Левица во Скопје забележува…

Можно е редуцирање на линиите на ЈСП…

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги известува корисниците…

Напикале 130 деца во ЕДЕН АВТОБУС? Детали…

Си платиле за да напикаат 130-140 деца…