Филипче: Мисијата на Кирил и Методиј е непроценлива, нашата е да го чуваме македонскиот јазик и да обезбедиме европска иднина

t

Претседателот на СДСМ Венко Филипче упати честитка по повод 24 Мај- Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј.

Во честитката објавена на социјалните мрежи се вели:

„Денеска го одбележуваме 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост и духовност.

Мисијата на браќата Кирил и Методиј има непроценлива улога во промовирањето на стремежот за еднаквост на народите и рамноправност на јазиците, но и во создавањето на македонската писменост. Горди сме што нивното просветителско и духовно наследство е длабоко поврзано со нашата татковина, со Охрид како еден од најзначајните центри на словенската писменост.

Со создавањето на глаголицата, а потоа и преку продолжувањето на нивната мисија од страна на нивните следбеници, меѓу кои и Свети Климент Охридски, е создадена кирилицата, која е основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.

Денес кога се шират измислени и лажни закани за македонскиот јазик и идентитет, важно е да потсетиме дека никој не може да го загрози она што е меѓународно потврдено. Благодарение на државничките одлуки на СДСМ, македонскиот јазик е признат и рамнправен во Европската Унија. Македонскиот идентитет е потврден. Тоа се факти кои не може да ги избрише ниту една дневнополитичка манипулација.

Светите Кирил и Методиј нè учеа дека напредокот доаѓа преку знаење, просветителство и отвореност кон светот. Токму затоа нашата обврска денес е да го чуваме и унапредуваме македонскиот јазик, но и да обезбедиме европска иднина за младите генерации.

Нека е честит и вековит 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…

Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…

Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…

Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…

Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…

Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…