Српски медиуми: Организаторите на мистериозниот собир за Вучиќ во Куманово се финансирани од МНР на Србија
Неколку стотици граѓани ги носеа слоганите „Ние сме Вучиќ“, „Куманово за Вучиќ“ и „Скопје за Вучиќ“, знамињата на Србија и Северна Македонија за време на протестот во саботата.
Медиумите кои се симпатизери на властите во Србија известуваа за „прекрасни сцени“ и зборуваа за „геополитичката тежина“ на овој собир.
Македонската опозициска партија, СДСМ, тврдеше дека владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, стои зад настанот и дека собирот бил организиран минатата недела во Скопје, на состанок меѓу потпретседателот на Владата на Република Македонија, Иван Стоиљковиќ, и претседателот на Српската напредна партија, Милош Вучевиќ.
ВМРО-ДПМНЕ негираше дека стои зад организацијата на собирот, објави Н1.
Весна Николиќ од здружението „Мир, хармонија, стабилност“ изјави во саботата дека станува збор за мирен митинг во поддршка на српскиот претседател, објави Б92.
Здружението „Мир, хармонија, стабилност“ е основано на 30 јуни 2022 година, според македонскиот регистар на правни лица.
Она што може да се види од јавно достапните податоци е дека во април годинава, на ова здружение му беа доделени пари на конкурсот на Министерството за надворешни работи на Србија за кофинансирање на проекти наменети за организации на Срби од регионот.
Дирекцијата за соработка со дијаспората и Србите во регионот додели 400.000 динари на Здружението „Мир, хармонија, стабилност“ за проектот насловен „Православието и духовноста нè поврзуваат – Под закрилата на молитвата“.
Владеачката албанска коалиција Влен вчера шпекулираше дека митингот за подршка на Вучич во Куманово според нив го платил почесниот конзул на Србија во Македонија Скопскиот бизнисмен Владимир Стаиќ кој бил другар на Бујар Османи од ДУИ политички противник на Влен.
Студентското движење организираше голем митинг во Белград во саботата.
Според полициските проценки, на него се собрале 34.300 граѓани, но Архивата на јавни собири објави дека снимките укажуваат дека „ќе се рангира меѓу најголемите студентски (протести) досега“, со потенцијално повеќе од 100.000 учесници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српски медиуми: Организаторите на мистериозниот собир за…
Неколку стотици граѓани ги носеа слоганите „Ние…
Мицкоски со честитки до Јанша: Македонија и…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил телефонски разговор…
Спасовски: Застојот кон ЕУ не е последица…
Пратеникот и поранешен министер Оливер Спасовски оцени…
Филипче: Мицкоски и Стоилковиќ прават митинзи за…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче повторно се…
Вучиќ: Ќе отворам портал „Кој си бре…
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека наскоро…