Скопје со црн биланс: Повеќе од пет физички напади за едно деноноќие
Скопје за само еден ден заврши со серија пријави за физички напади, закани и нарушување на јавниот ред и мир. Според информациите од МВР, на 24 мај во СВР Скопје биле регистрирани повеќе инциденти на различни локации во главниот град, од Аеродром и Карпош, до Бардовци, Стајковци, Гази Баба и Трубарево.
Највознемирувачка е пријавата на 22-годишна девојка, која во 21:08 часот пријавила дека околу 21 часот на подрачјето на Аеродром била физички нападната од машко лице. Според пријавата, напаѓачот ѝ одзел личен накит и се обидел да ѝ го земе паричникот.
Во Карпош, 53-годишен скопјанец пријавил дека тој и уште едно лице биле нападнати на паркинг пред маркет, по расправија околу наплата на паркинг. Според пријавата, во нападот учествувал вработен за наплата и уште едно лице, кое употребило и тврд предмет.
Инциденти имало и во Бардовци, каде биле пријавени напади во кои се споменуваат малолетници. Еден скопјанец пријавил дека неговиот деветгодишен син бил нападнат од двајца малолетници, а потоа добил и закани од роднина на едниот од нив. Во исто време, друга пријава се однесува на 11-годишно дете, кое, според неговата мајка, по претходна расправија било нападнато од возрасно лице.
Во Стајковци, 26-годишен жител пријавил дека бил нападнат од 20-годишник од Инџиково, кој со тврд предмет нападнал и 18-годишно лице. Подоцна, во болницата „Свети Наум Охридски“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу повеќе лица поврзани со истиот случај. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи, а по документирањето ќе следуваат соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…
Пожари се активни во пет општини во…
Кисела Вода има прилив на првачиња и…
Кисела Вода е општина што има прилив…
Мицкоски: Ширењето паника за водата во Скопје…
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ширењето информации…
Автобус со 84 српски туристи излетал од…
Автобус со 84 патници, сите државјани на…
Спречен нов масовен обид за илегален влез…
Мароканската полиција уапси најмалку 111 лица кои…